Обреновац – Општина што чека нов живот

Од:

Да немаше колона луѓе кои пред општината чекаа на ред да пријават штета, Обреновац денес три недели по катастрофалните поплави, би личел на место во кое повеќе никој не живее.

Вратите на многу кафулиња се отворени за да се исушат ѕидовите и да испари смрдеата што се уште се чувствува и денови по повлекувањето на водата. Менувачниците, бутиците, продавниците и пазарите се целосно празни, напуштени и делуваат како човечка нога со години да не стапнала во нив.

Само во една продавница, што се наоѓа малку подалеку од центарот на градот, може да се купат леб, пецива или јогурт. Има и еден киоск преку патот од зградата на Општината, во која доаѓаат луѓето, но само по весници и цигари.

– Отворив бидејќи морам да работам. Доаѓаат луѓе, купуваат цигари, чипс и смоки за да каснат нешто, бидејќи само на две места има пунктови на Црвениот крст, но таму по 500 до 600 луѓе чекаат на ред за една конзерва, половина леб и чаша вода. Ако воопшто добијат, вели Мирјана Гавриловиќ, сопственичка на поплавена продавница.

Таа е загрижена дали и кога ќе и стигне известување од Даночната управа дека не мора да ги плаќа придонесите за мај, бидејќи во спротивно. вели, не знае од каде да ги плати тие трошоци.

Малку подалеку, Анѓел Михајловиќ, жител на една од зградите во центарот на Обреновац, седи пред зградата и чита весник. Како што вели го купува само затоа што не знае што друго да прави додека чека да се исушат ѕидовите во станот.

– Немаме струја, иако секој ден ветуваат дека ќе ја пуштат, а немаме ниту вода. Што друго да правам? Очекувам помош од државата, па потоа ќе видам што понатаму, вели Михајловиќ.

Не очекува само тој помош од државата, туку како што тврди и неговиот сосед. – Кај мојот сосед средниот ѕид виси во воздух. Видете слободно, отворен е прозорецот. Сега тука нема никој бидејќи доаѓа наутро и го остави станот да се ветрее до навечер. И тој чека помош, објаснува Михајловиќ и покажува со рака на станот покрај неговиот.

Во градот се уште се чувствува смрдеа од водата, помалку од пред неколку дена, но жителите на Обреновац се прашуваат, колку уште дожд треба да падне за да ја исчисти таа миризба.

– Подрумските простории на зградите не се исчистени, така што од нив се шири смрдеа. Нема луѓе на улиците. Тоа е логично кога нема услови за живот. Нема фрижидери, бојлери, нема ништо, вели еден минувач кој во двете раце носи празни канистри за вода.

Инаку, српскиот премиер Србија Александар Вучиќ најави дека вонредната состојба во Обреновац ќе потрае до понеделник, како и дека луѓето ќе добијат помош од државата, како оние чии домаќинства се уништетни, така и оние чии станбени објекти можат да бидат санирани.

Вучиќ рече и дека Војската на Србија од Обреновац досега извлекла над 17.000 тони отпад.

Блиц – Белград

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници