Награди за најдобрите на 49. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Од:

Наградите за најдобрите кои се претставија на 49-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска ќе бидат соопштени. Најградите ќе бидат врачени вечер, во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Во чест на наградените, од 20 часот театар „Комедија“ ќе ја изведе претставата „Стјуардеси“ во режија на Синиша Евтимов.

Ќе биде прогласена најдобрата театарска претстава во целина на Фестивалот, најдобрите главни и споредни улоги, најдобрата сценографија, костими и најдобрата режија. Одлуката за наградите ќе ја донесе жирито на Фестивалот во состав-Братислав Димитров, Васе Манчев и Мустафа Јашар.

Годинава за најдобрите остварувања на Фестивалот конкурираа 11 претстави на македонските професионални театри, „Хеда Габлер“ на Битолскиот, „Вечната куќа“ на МНТ, „Хамлет во пикантен сос“ на Театар „Комедија“, „Нашиот клас“ на Театар за деца и младинци, „Камен“ на Турскиот театар, „Мрачна комедија“ на Штипскиот, „Евангелие на глупоста“ на Драмски, „Инспекторот од ОН“ на Тетовскиот, „Швејк во Втората светска војна“ на Прилепскиот, „Крал Лир“ на Велешкиот  и претставата „1984“ на Струмичкиот театар.

Фестивалот, кој се одржуваше од 6 до 13 јуни, годинава донесе вкупно 20 претстави, од кои 11 се во официјалната конкуренција за награди. Во рамки на фестивалот се реализираа промоции на театарска литература, изложби и трибина за театарската музика.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“