Ново четвртфинале за Јотовски

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрс турнирот Ф21 во Шарм ел шеик, Египет. Тој денеска во второто коло го победи Русинот Јан Сабанин со 2:0 во сетови. Двата сета Јотовски ги доби со идентични 6:4 во гемови. Мечот се одигра во тешки временски услови на многу висока температура. Ова за Јотовски е четврто четвртфинале оваа година.

Следен противник на Јотовски ќе му биде првиот носител на турнирот Денис Новак од Австрија, кој има 326.ранг на АТП листата. Новак денеска го победи Аргентинецот Леандро Портман со 6:2 и 6:1 со гемови.

Јотовски со Шендрит Деари вечерва ќе игра и меч во двојки против Аргентинците Валентин Флорез и Леандро Портман.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен