Ѓоковиќ ќе биде прв носител на Вимблдон

Од:

Новак Ѓоковиќ би можел да биде прв носител на третиот Грен слем турнир во сезоната, кој ќе се игра на терените на Вимблдон, пренесува Sports Illustrated.

Одредувањето на носителите на Вимблдон не се одредува само според пласманот на АТП листата, туку се користи формула која во која се вклучени резултатите кои тенисерите ги постигнале на тревната подлога.

Според истиот извор, тие резултати покажуваат, дека Ѓоковиќ кој на АТП листата се наоѓа на второто место, на Вимблдон би требало да биде прв носител, пред Рафа Надал, кој на АТП листата е број 1.

Поместувања би имало и кај третиот носител, домашниот миленик Енди Мареј од петтата позиција би бил поставен за трет фаворит, додека зад него би биле Швајцарците Роџер Федерер и Станислас Вавринка.

Формулата според која се одредуваат носителите на Вимблдон ја вклучува АТП листата и тоа онаа која ќе биде објавена една недела пред почетокот на турнирот, но и резултатите кои тенисерите ги постигнале на тревната подлога во изминатите 12 месеци, а се пресметуваат и 75 отсто од бодовите на турнирот на кој тенисерите го имале најдобриот пласман на оваа подлога 12 месеци претходно.

Тој систем објаснува зошто Мареј би бил трет носител, тој минатата година ја освои титулата, а годината претходни играше во финалето.

Турнирот во Вимблдон ќе започне на 23.јуни, а листата на носители ќе биде објавена на 18.јуни.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен