Српската амбасадорка се заблагодари за помошта за поплавените подрачја

Од:

Амбасадорката на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак-Томиќ денеска им се заблагодари на сите оние кои донираа за помош на поплавените подрачја во нејзината земја. На приемот во Амбасадата на Србија им беа врачени благодарници на донаторите на хуманитарна помош.

– Поводот поради кој сме денеска овде е исклучителен по својата суштина – истовремено многу тажен, но и исклучително пријатен. Тажен бидејќи нашата денешна средба, така да кажам е „изнудена“ со природната катастрофа која ја зафати Република Србија, со трагични последици по човечките животи, личниот имот на илјадници нејзини граѓани, на нејзиното стопанство, инфраструктура и друго. Размерите на штетата се такви што нивното санирање ќе биде долгорочен процес, кој ќе бара многу енергија и парични средства, но и солидарност, изјави Дивјак-Томиќ.

Од друга страна, посочи таа, во сите нас преовладува чувство на човечка топлина и задоволство што со ова е потврдена традиционалната блискост и пријателство измеѓу нашите народи и држави.

– До сега реализиравме помош во стока и пари преку 500.000 евра, но, што е посебно важно, со тоа не се запрени активностите на овој план. Веќе имаме во најава значајни донации, за што однапред се заблагодаруваме, изјави амбасадорката Дивјак-Томиќ. На Србија и Босна и Херцеговина, додаде таа, ни останува обврската никого да не заборавиме.

Благодарници за помошта добија министерот за транспорт, врски и екологија Миле Јанакиески и Министерството, специјалната едининица „Тигар“, МВР, Министерството за одбрана, бројни други владини институции и општини, Црвениот крст, Лекарската комора, фирми, поединци, како и медиумите.

Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст, соопшти дека за помош во Србија и БиХ се собрани околу 21 милион денари, а досега се испратени околу 900 тони хуманитарна помош.

– Во врска со помошта за Србија и БиХ заклучно со денешниот ден во двете држави се испратени околу 45 шлепери хуманитарна помош. Тоа би било еквивалент на околу 900 тони. До крајот на неделава и со почетокот на наредната имаме залихи за околу 10 пратки и тука некаде ќе завршиме со материјалната хуманитарна помош. Што се однесува на собраните средства, на нашата солидарна жиро сметка се собрани некаде околу девет милиони денари, додека од мобилните оператори имаме информации дека собраната сума е некаде околу 11 милиони денари, изјави Саити.

Акцијата за собирање помош за Србија и БиХ, според него е најуспешна и најголема и оти досега не е собрана ваква сум на пари.

– На една неодамнешна конференција беше оценето дека Република Македонија е една од водечките држави во обезбедување на помош за настраданото население, изјави Саити.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија