Турската Влада смени над 2.500 судии, обвинители и административни службеници

Од:

Турската Влада смени над 2.500 судии, обвинители и административни службеници во судовите во различни делови на земјата, пишува турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Високиот совет на судиите и обвинителите издаде доцна синоќа наредба за смена на 2.224 магистрати и 293 административни службеници.

Назначени се нови заменици-главни обвинителите на Анкара и Истанбул. Разрешени се главните обвинители во повеќе окрузи, меѓу кои Балкесир, Бурса, Чанаккале, Елјазог, Ерзинџан, Ескишехир, Хатај, Трабзон и Ван.

Наредбата за смена на магистратите се разгледува како најсериозниот удар на Владата врз „паралелната држава“, како што ја нарекува заедницата на исламскиот проповедник Фејтулах Ѓулен, кој има влијание врз полицијата и правосудството.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ