Турската армија во состојба на воена готовност

Од:

Продолжува кризата со киднапираните 49 луѓе од турскиот Конзулат во ирачкиот град Мосул од страна на радикалната Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ). Турските вооружени сили се во воена готовност, јавуваат локалните медиуми.

Телевизијата Ал Џазира јави дека турски воени авиони извршуваат разузнавачки летови над реонот на Мосул. Испратени се и беспилотни летала на турската армија.

Акциите на турската армија се во координација со раководството на ирачката армија. Се очекува во текот на целиот ден да се извршуваат разузнавачки летови.

Според турски извори, Турција подготвува коридор за операции по ослободувањето на заложниците. ИДИЛ држат околу 80 турски граѓани како заложници. Тие беа киднапирани вчера од Конзулатот и возачи на камиони киднапирани во вторникот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ