Турските власти го блокираа денеска пристапот до социјалната мрежа „Гугл плус“, јави ДПА.
Засега не е посочена конкретна причина за забраната, која беше наложена една седмица, откако беше обновен пристапот до сајтот за споделување видео содржини „Јутјуб“, што исто така е сопственост на Гугл.
Во март за околу две седмици, пред локлните избори во Турција, беше блокиран и пристапот на Твитер.
– Тоа изгледа апсурдно и чудно, но е тажно и заканувачко за слободата на изразување, истакна Мурат Чекич, директор за Турција на организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенел.