Почна судењето на активисти од групата „Солидарност Таксим“

Од:

Денеска во Истанбул почна судскиот процес против повеќе од 20 антивладини активисти, обвинети дека ги организирале минатогодишните протести против реконструкција на паркот Гези на централниот плоштад Таксим.

Меѓу 26 члената група „Солидарност Таксим“ се лекари, архитекти и инженери. Тие се обвинети за здружување во криминална група, кршење на јавниот ред и организирање противзаконски протести преку Интернет, поради што се соочуваат со можна казна до 29 години затвор.

Протестите во јуни минатата година почнаа како мал еко протест поради уривањето на истанабулскиот парк и брзо прерасна во масовни демонстрации против авторитарниот стил на владеење на турскиот премие Реџеп Тајип Ердоган.

За време на протестите и нивното брутално полициско задушување загинаа најмалку осум лица, а повредени беа приближно 8.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ