Вучиќ: Иднината на „Јужен поток“ не зависи од Србија

Од:

Иднината на проектот „Јужен поток“ не зависи од Србија, туку од договорот меѓу Русија и Европската унија, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ на прес-конференција во Берлин.

Како што јави ИТАР-ТАСС, на прашање на новинарите дали Србија ќе продолжи со изградбата на гасоводот на српска територија, Вучиќ одговори дека иднината ќе покаже дали овој проект е реален .

Тој потенцира дека Србија се наоѓа во „специфична положба“, бидејќи рускиот „Газпром“ е сопственик на контролниот пакет акции на српската нафтена компанија НИС.

– Ние ќе се стремиме да ги заштитиме српските интереси, но тоа зависи и од интересите на Европа, рече српскиот премиер.

Вучиќ во понеделникот изјави дека Србија не ја одложила изградбата на гасоводот „Јужен поток“, дека „засега се се одвива според планираното“ и дека само српската Влада може да донесе поинаква одлука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници