Рускиот гасен гигант „Газпром“ соопшти денеска дека во маратонските преговори во Брисел, со посредство на Европската унија и дал на Украина дополнителни пет дена за да отпочне авансно да го плаќа гасот или во спротивно ќе ризикува прекин на снабдувањето.
– Руската страна направи чекор во корист на напредокот на преговорите, кои интензивно се водат и одлучи преминот на системот на авансно плаќање да го одложи до понеделник, изјави извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер во телевизискиот настап, по состанокот со еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер.
Јотигнер, кој е посредник во преговорите за гас меѓу Русија и Укрина, изјави доцна синоќа дека за постигнување конечна спогодба да се избегне прекинот на снабдување на Украина со гас, би можело да бидат потребни десетина дена.