Искра Шукарова со свои кореографии во Софија

Од:

Кореографката Искра Шукарова денеска ќе настапи во Софија. Гостувањето е дел од програмата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, која е поддржана од македонското Министерство за култура.

Настанот ќе се одржи во рамки на деветтата едиција на танцови концерти, организирани од фондацијата „Етуд“ во соработка со Центарот за култура „Црвената куќа“.

Учесници во балетските претстави се Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова, Елена Ристеска, прва генерација дипломирани студенти од класата на Искра Шукарова, како професор на катедрата за балетска педагогија при Факултетот за музичка уметност. Музиката и изведбата во двете дела е на Валентин Димановски.

– Целта на овие концерти е да се промовира и поддржува современиот танц. Како дел од програмата настапуваат и етаблирани кореографи од бугарската сцена, како Галина Борисова, која е иницијатор и организатор на настанот, информира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска