„Блиц“: Во Србија секој втор ден по еден доктор на науки

Од:

Во Србија бројот на академците на докторските студии од 2007 до 2012 година се зголеми за дури осум отсто, додека бројот на новите доктори на науки во истиот период тројно се зголемил, пишува српскиот весник „Блиц“.

Во 2007 година докторскиот труд го одбраниле 206 студенти, а во 2012., тоа го сториле 770.

Иако просветните власти се задоволни поради ова зголемување, бидејќи сметаат дека тоа е напредок во образованието на населението, загрижува тоа што до ненадеен пораст на докторите на науки дошло паралелено со експанзијата на приватни факултети и отварање на различни дисперзирани одделенија на државните и приватните факултети ширум Србија, додава „Блиц“.

Според извештајот на Националниот совет за науки, само во текот на една година од Стопанската акаедмија на Нови Сад излегле 200 доктори на науки, а слична статистика своевремено забележа и Европскиот универзитет Белград.

Весникот нагласува дека статистички гледано тоа значи дека приватните универзитети секој втор ден давале по еден доктор на науки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници