Воени делегации на 14 држави на состанок во Белград

Од:

Состанок на заменици началници на Генералштабови, на кој учествуваат делегации на 14 држави, во рамки на Процесот на соработка на министри за одбрана на земји од Југоисточна Европа (СЕДМ), ќе се одржи денеска во Белград.

На средбата учествуваат делегации на 14 земји – Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Турција, САД, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, како и делегација на Грузија, како земја набљудувач во СЕДМ.

Иницијативата СЕДМ е покрената на предлог на САД во 1996 година, со намера на јакнење на соработката на земјите од ЈИЕ и САД на планот на одбраната.

Основна цел на СЕДМ е интензивирање на разбирањето и политичко-воената соработка во ЈИЕ заради јакнење на стабилноста и безбедноста во регионот.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ