Ѕвездата во шоуто „Шепнувач на кучиња“, Цезар Милан им се приклучи на големиот број светски познати личности, кои ги поддржаа, Србија, БиХ и Хрватска во борба против неодаманешните катастрофални поплави.
Тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ постави фотографија со која апелира да им се помогне на загрозените држави.
-Минатиот месец, балканските држави како што се Босна, Хрватска и Србија се соочија со незапаметени поплави, поради обилните дождови. Балканските поплави беа најопасни во последните 120 години и предизвикаа огромни штети, така што оставија илјадници луѓе без домови и во неволја. Ајде да се обединиме, да ги здружиме силите и да помогнеме колку можеме.Ве молам да се помолиме за загрозените и доколку сте во можност донирајте пари во Црвениот крст- напиша Милан.
Е. Г.