Во МКЦ вечер ќе биде претставена првата поетската книга на Исток Улчар „Сенки низ циркускиот шатор“ во издание на Антолог.
Промотор на книгата ќе биде Елена Пренџова, поет и критичар, а стихови ќе интерпретираат Владимир Јачев и Мила Симовска.
Исток Улчар е роден 1995 во Скопје. Неговата поезија е застапена во неколку избори на дела од млади македонски автори. Учествувал на повеќе книжевни читања. Аматерски се занимава со театар и цртање. Песните му се преведени на англиски и српски јазик.