Концерт на најмладите таленти на Македонска филхармонија

Од:

Македонската филхармонија вечер на концерт во Салонот на МОБ традиционално  ќе ги претстави најмладите таленти, ученици од државните музички училишта во Македонија избрани по пат на селективни аудиции за настап со оркестарот.

Под диригентската палка на Ле Фи Фи како солисти ќе настапат младите таленти Ивана Јанаќиева на пијано, Мила Јаневска сопран, Тамара Тодоровска на виолончело, Ева Богоевска на виолина и Љубица Делева на виолина од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, Христијан Јовановски на кларинет од ДМУ – Битола и Демир Кантуровски на кларинет од ДМУ „Сергеј Михајлов“ – Штип.

На програмата се дела од Моцарт, Вебер, Брух, Сарасате, Мендес и Виењавски, а влезот на концертот е слободен.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска