Најбогатиот Французин ветува дека ќе продолжи да плаќа данок

Од:

Иако бриселскиот весник весникот „Соар“ вчера објави дека најбогатиот Французин, Бернар Арно, кој е сопственик на компанијата што ги поседува правата на повеќе луксузни марки меѓу кои и „Луј Витон“ и „Булгари“, побарал белгиско државјанство „поради чувствителна инвестиција во Белгија“, француските медиуми во ваквата негова намера гледаат само можност да го избегне плаќањето на даноци во Франција.

„Соар“ наведе дека ако Арно добие двојно државјанство, тоа ќе му го олесни проектот во Белгија, на кој работи и за кој не се соопштуваат никакви детали. Арно одамна имал право да добие белгиско државјанство, бидејќи веќе десетина години поседува имот во Белгија. Арно е на четврто место во светот според богатство што го поседува со имот вреден 41 милијарди долари.

Според медиумите во Франција, како што јави дописникот на МИА од Париз, со добивањето на белгиско државјанство, Арно потоа ќе побара да биде жител на Монако и со тоа да плаќа данок во Монако, каде давачките се пониски. Имено француските државјани не можат да плаќаат данок во Монако, но како белгиски државјани тоа е можно.

Пред неколку години француската јавност беше исто така разбранувана по намерата на рок ѕвездата Џони Холидеј да побара белгиско државјанство, кој исто така сакаше да избегне плаќање на данок во Франција.

Од компанијата раководена од Арно викендов беше издадено посебно соопштение за јавноста со кое се  потврдува дека тој ќе продолжи да ги плаќа даноците во Франција.

Во денешните медиуми се шекулира дека дошло и до контакти меѓу претседателот на Франција Франсоа Оланд и најбогатиот Французин, па и самиот шеф на државата во синоќешното ТВ-интервју, следено од десет милиони Французи рече дека „нема место за полемика“.

Информацијата за намерите на Арно имаше „ефект на бомба“ во Франција, бидејќи беше протолкувана како начин бизнисменот да се спаси од намерите на претседателот Оланд да обезбеди финансиска стабилност на земјата преку оданочување со 75 проценти на личните доходи над еден милион евра. Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон за оваа намера изјави дека „преземањето глупави одлуки води кон страшни резултати“.

Аферата Бернар Арно, денеска е широко коментирана во француските медиуми. „Либерасион“ ја става на насловната страна на која се гледа Бернар Арно со куфер во раката и насловот „Бегај од тука богат-глупаку“, реченица позјмена од речникот на поранешниот француски претседател Никола Саркози, каде беше замент зборот „сиромашен“ со „богат“.  „Иманите“ употребува друга реченица од Саркози прилагодена на ситуацијата „Бернар Арно, Франција или ја сака или ја напушта!“.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток