Во Белорусија спречен обид за киднапирање патнички авион

Од:

Белоруската служба за безбедност денеска  соопшти дека спречила киднапирање авион што летал од Грузија за Минск.

Агенцијата КГБ, која го презела името од некогашната советска служба, во соопштението наведува дека еден Грузиец се заканувал дека ќе активира бомба во авионот доколку пилотите не се согласат да го пренасочат во правец на непрецизирана дестинација во Европа, пренесуваат американските медиуми.

Службата соопштила дека Грузиецот ги напишал своите барања на порака, но дека пилотите, сепак, успеале да слетаат во Минск, како што претходно било планирано.

Белоруски официјални претставници изјавиле дека по едночасовно преговарање го привеле киднаперот.

Ниту еден од патниците и членовите на екипажот на авионот, што долетале од грузискиот град Кутаиси, не е повреден, наведе КГБ.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад