Давутоглу: Балканските народи се како едно семејство

Од:

Балканските народи се како едно семејство и на братски начин можат да ги решат сите несогласувања, изјави денеска шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу на заедничка прес-конференција со српскиот колега Ивица Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи истакна дека некои постапки и изјави не треба да претставуваат пречка за развој на добрите билатерални односи.

– Турција и Србија имаат различно гледање на историјата во некои делови, различни погледи на сегашноста, што е и разбирливо, нагласи Дачиќ, додавајќи дека заедничкото определување на двете земји е билатералните односи да се релаксираат, нормализираат и зајакнат.

Давутоглу истакна дека Турција ја смета Србија за „прв сосед“ и дека двете држави имаат многу заеднички работи.

– Подготвени сме и сакаме рамо до рамо со Белград да работиме за подобра иднина и на Србија и на Балканот, потенцира турскиот министер.

На новинарско прашање дали неговата посета на Србија значи дека е ставен крај на несогласувањата меѓу Белград и Анкара поради минатогодишната изјава на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган дека „Косово е Турција и Турција е Косово“, Давутоглу избегна директен одговор.

Шефот на турската дипломатија во текот на денов ќе оствари средби и со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ