ВИДЕО: Петто издание на фестивалот „Македокс“ од 14 јуни

Од:

Петтото издание на фестивалот на документарен филм ќе стартува на 14 јуни и годинава се одржува под мотото „Природно“. Од вкупно пристигнати 380 документарци од 64 земји, во програмите на фестивалот до 20 јуни во Куршумли ан и во МКЦ, ќе бидат прикажани 38 филмови.

Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Револт“на доаенот Стефан Сидовски, а потоа ќе биде прикажан шведскиот филм „Откачи“. Главната програма ќе почнува во 21 часот во Куршумли ан, а вечерните проекции во МКЦ се во 19 часот, додека во 12 часот ќе има пладневни проекции, кои се новина од оваа година

– Оваа филмска година во Македонија ја одбележа светскиот конгрес на ФИАФ кој што го организираше Кинотеката на Македонија. Случајно или не, оваа година ќе имаме можност да проследиме исклучителни дела направени од архивски материјали и во тој контекст организираме работилница за креативна употреба на архивската граѓа. Исто така, ќе имаме можност да проследиме повеќе филмови во кои главни карактери се млади луѓе. Многу се радувам што оваа година имаме исклучителни студентски кратки филмови од Македонија, што некако природно кореспондира со подемот на балканскиот доку-филм. Исто така, имаме жири составено од студенти и имам нескриена желба во иднина истите овие млади луѓе да ги доживееме на големото платно со долгометражни документарни форми“, образложи Петра Селишкар, селекторка на филмската програма на „Македокс“., рече Петра Селишкар, уметнички директор на фестивалот.

Фестивалот Македокс придонесе да се развие интересот на младите автори за креативниот документарен филм

– Балканската документаристика , последниве неколку години е во голем подем, за што е доказ и кратките македонски студентски документарни филмови кои што се исклучителни. Во тој контекст организираме утринско кафе со старите и нови сили на балканската документаристика во МКЦ од 10.30 часот наутро. На 15 јуни ќе имаме можност одблиску да го запознаеме плодниот доку-автор од 70-тите години, Карпо Година, на 16. ќе пиеме кафе со младиот словенечки автор Матјаж Иванишин, на 17-ти ќе се сретнеме со српската авторка која што работи во Берлин, Марта Попивода, на 18-ти ќе имаме можност да пиеме кафе со хрватската Холанѓанка Татјана Божиќ, на 19-ти ќе се дружиме со младиот автор од Србија Младен Ковачевиќ и на 20-ти одблиску ќе дебатираме со хрватскиот тандем, Небојша Сљепчевиќ и Вања Јамбровиќ, рече Бранд Феро.

Директорката на „Македокс“, Киријана А. Николоска најави дека покрај стандардните термини за разговор со гостите „Под смоквата“, новина програмата е „Утринско доку-кафе“ во МКЦ, замислено како серија класови на режисерите, чии филмови ќе бидат дел од филмската програма, секој ден од 10:30 до 12 часот.

– Со петтото издание на „Македокс“ ќе се обидеме да се сетиме, потсетиме и осетиме што значи „Природно“. Ги задржавме старите програмски целини и истиот број проекции, а ја проширивме дополнителната програма. Годинава има околу 380 пријавени филмови од 64 земји во светот, што зборува за поставеноста на фестивалот на светската документарна мапа, рече Киријана Николоска, директорка на Македокс.

Во рамки на фестивалот се предвидени две работилници, „Креативна употреба на архивски материјали во документарните филмови“, што ќе ја водат Ноеми Скори од Израел и Мира Турајлиќ од Србија и „Филмска продукција“, предводена од Катриел Скори од Израел.

На фестивалот ќе гостуваат автори од Балканот, Шпанија, Израел, Германија и други земји.

Фестивалското жири за наградата „Кромид“ е во состав: Карпо Година, Катриел Скори и Роберто Блат. Жири за наградата „Млад кромид“ е во состав: Адмир Чулумаревиќ, Анѓелка Ненезиќ и Владан Петковиќ.

Патувачкото кино на „Македокс“ ќе се одржи во август во осум села во Демирхисарско.

Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и патувачкото кино се поддржани од: Националната фондација за демократија од Вашингтон, Амбасадите на САД, Холандија и на Шпанија во Скопје, Министерството за култура на РМ и Агенцијата за филм на РМ, Градот Скопје и Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска