Екстремисти денеска го ставија под своја контрола вториот по големина ирачки град Мосул.
– Градот Мосул не е под контрола на ирачките власти, туку тој е во милост и немилост на екстремистите, изјави висок претставник од Министерството за внатрешни работи на Ирак.
Мосул е втор град кој во текот на оваа година падна во рацете на антивладините сили.