Турското Министерство за образование донело одлука да ги класифицира приватните училишта во четири категории, а дополнителните поени ќе се добиваат и за постоењето на просторија за молитва во училишните објекти, пишува „Хуриет дејли њуз“.
Училиштата ќе бидат поделени во категории А, Бе, Це и Де, кои ќе бидат определени во зависност од условите, менаџментот, организацијата, образовните процедури и услугите кои ги нудат.
На пример 50 поени ќе добива секое училиште, кое има библиотека. Лаборатории по хемија, физика и биологија соодветно носат 20 поени, колку што се добива и за просторија за молитва.
Училиштата од највисоката категорија А треба да соберат меѓу 850 и 1.000 поени.