Николиќ: Србија треба да води политика како Тито!

Од:

Српскиот претседател, Томислав Николиќ во интервју за „РТС“ рече дека е незамисливо Србија да воведе санкции против Русија и дека таа мора подеднакво да се однесува кон сите други држави.

-Тоа е незамисливо, само што Србија тогаш мора да има мерка и подеднакво да се однесува и кон малите и големите држави- изјави тој.

На прашањето зошто не беше на инаугурацијата на новиот украински претседател, Николиќ одговори дека сметал дека е на ниско ниво тој да биде амбасадор на државата и дека тоа би можело да се смета како потценување на победата, поради што отишол неговиот советник.

Тој додаде дека секако ќе ја посети Украина, доколку Петар Порошенко води мирољубива политика, но и потсети дека на неговата инаугурација присуствувале само двајца претседатели и дека вистинска мерка за тоа дали тој требало да биде претседател или не ќе покаже вториот мандат.

-Србија не смее да се определува и би сакал да води политика, каква што водеше Јосип Броз Тито, но треба да биде во рамките на надворешна политика на ЕУ- истакна Николиќ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ