Промоција на „Антологија на заборавените македонски поетеси“

Од:

Книгата „Антологија на заборавените македонски поетеси“ од писателката Ирена Павлова де Одорико денеска ќе биде промовирана во Друштвото на писателите на Македонија. Делото е посветено на творештвото на Евгенија Шуплинова, Даница Ручигај и Радмила Трифуновска.

За новото дело на Ирена Павлова де Одорико ќе зборуваат д-р Весна Мојсова-Чепишевска и д-р Сашо Прокопиев, а делови од книгата ќе чита Софија Гогова – Врчаковска.

Средбата се одржува во рамки на активностите на Клубот на писателките „Даница Ручигај“ при ДПМ.

– Во ова дело Ирена Павлова де Одорико понудува студија во која ги разгледува суштинските аспекти на естетските вредности и можната заборавеност во годините по смртта на трите истакнати македонски поетеси. Есеистичкиот дискурс е збогатен со илустративен оддел на поетските светови на Евгенија Шуплинова, Даница Ручигај и Радмила Трифуновска, во кој свое место имаат антологиските песни на авторките, информира Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска