Две девојки и едно момче загинаа во страшна сообраќајна несреќа која се случила во неделата, во два часот по полноќ, во центарот на Нови Сад.
До несреќата дошло кога во нивниот автомобил „Поло“ со голема брзина удрил автомобил „Ауди 8“.
Ударот бил толку стравичен што автомобилот „поло“ го „откинал“ и семафорот во кој удрил.
Тројцата на возраст од 20 години загинале на местото на несреќата.
21-годишниот возач на автомобилот кој удрил во „полото“ е уапсен и се наоѓа во притвор.