Kрвав ден во Ирак. Најмалку 100 лица загинаа во вчерашната серија напади во Ирак. Во неделата имаше напади во 13 градови во Ирак, вклучувајќи го и Багдад.
Нападите се во ист ден со пресудената смртна казна за заменик претседателот Тарек ал Хашеми.
Попладнето судот го осуди на смртна казна со бесење Хашеми, кој е долгогодишен непријател на шиитскиот премиер Нури ал-Малики.
Хашеми избега во Турција откако шиитската влада го обвини за неговата улога во 150 бомбашки напади, убиства и други напади во периодот од 2005 до 2011. Хашеми ги отфрли обвиненијата и ја обвини Владата дека го користи судот да се справи со сунитските противници.