Абдула Ѓул и Хасан Рохани се договорија за зголемување на билатералната трговија

Од:

Претседателите на Турција и на Иран, Абдула Ѓул и Хасан Рохани денеска соопштија дека се договориле да ги интензивираат напорите за двојно зголемување на билатералната трговија, јави ИТАР-ТАСС.

– Ги разгледавме прашањата поврзани со економската соработка меѓу нашите земји и донесовме одлука да ги активираме трговските односи за двојно да се зголеми билатералната трговија и да достигне 30 милијарди долари годишно. Развојот на билатералните односи ќе биде од корист не само за нас, туку и за целиот регион, рече Рохани на заедничката прес-конференцијата со Ѓул во Анкара.

Ѓул од своја страна изјави дека се надева оти ќе се зголемат турските инвестиции во Иран, а за тоа ќе помогнат и спогодбите и протоколите потпишани денеска меѓу повеќе министерства од двете земји.

Двајцата претседатели посочија дека разговарале и за прашања поврзани со борбата против тероризмот и екстремизмот во регионот.

– Иран и Турција засилено работат во однос на борбата против тероризмот. Во нашиот регион има нестабилност и таа не е од корист за никого. Ќе направиме се што е во нашите сили за да има мир и стабилност в региона, рече Рохани.

Двајцата претседатели ја разгледале и ситуацијата во Египет и Сирија и го изразиле своето генерално убедување дека е многу важно во овие земји да се поврати безбедноста и стабилноста.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ