Претседателот на калчолигашот Наполи Аурелио де Лаурентис како смешна ја оцени понудата на Арсенал од 20 милиони фунти за напаѓачот Лоренцо Инсиње.
Италијанските медиуми јавија за испратената понуда од Арсенал на адреса на Наполи, но претседателот не сака ниту да слушне за таа сума да го ослободи својот напаѓач да оди во Лондон.
– Арсенал понуди 20 милиони фунти за Инсиње. Тоа е смешно. Тој вреди најмалку трипати повеќе, е коментарот на Де Лаурентис.
Првиот човек на Наполи додаде дека клубот е во потрага по замена за Горан Пандев кој е ставен на трансфер листата.
На листата желби на Де Лаурентис бил и играчот на Барселона Хавиер Маскерањо кој веќе го продолжи договорот со Каталонците.