Србија ќе треба да го одложи почетокот на изградбата на Јужен поток, изјави српскиот вицепремиер Зорана Михајловиќ.
Изјавата е дадена ден подоцна откако во вчерашното соопштение на бугарскиот премиер Пламен Орешарски, се вели дека проектот Јужен поток ќе продолжи откако ќе се отстранат сите забелешки на Брисел, и ќе го прецизираат начинот за негова реализација подоцна.
– Додека не завршат разговорите на Бугарија со Брисел и на ЕУ со Русија, и ние прекинуваме. Или додека Русија не ја промени трасата. Но, се разбира, резултатот и од едното и другото сценарио значи одложување на работите и во нашата држава, нагласи Михајловиќ.