Состојбата во северно Косово е нестабилна

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи, ден по вооружениот напад врз полицијата и ЕУЛЕКС, состојбата на северот на Косово ја оцени како неподнослива и нестабилна.

Според него, во овој дел на Косово и натаму има многу проблеми и предизвици и таму е создадена неподнослива ситуација, а како решение за излез од ситуацијата тој предлага внатрешен дијалог со претставниците на заедниците.

– Косовската Влада и меѓународните претставници пред да одлучат за ставање крај на набљудуваната независност биле свесни дека планот на Марти Ахтисари не може комплетно да се имплементира на северот на земјата поради објективни причини, каде освен косовските инситуции, одговорност имаат и меѓународните – нагласи Реџепи.

– Стабилноста ќе се постигне, владеењето на редот и законот е предуслов и јас се надевам дека и КФОР ќе биде подготвен да ни помогне заедно со ЕУЛЕКС и косовската полиција. Тие граѓани се заложници на одредени криминални или радикални политички групи и оваа состојба ќе се регулира – изјави Реџепи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски