Според податоци од српскиот Републички геодетски завод во државата, дури 279 улици го носат името „Маршал Тито“ но интересен е фактот што ниту една од нив никогаш не го носела целото име на поранешниот претседател на некогашна СФРЈ, Јосип Броз Тито.
Во околината на Белград дури седум улици го носат името на Тито, што остава впечаток дека ниту една од нив не се наоѓа во централното градско подрачје. Со што официјално се потврдува дека во Белград од секој поголем плоштад и улица е отстрането името на доживотниот претседател.
За потсетување улицата „Маршал Тито“ во центарот на Белград, која што ги поврзуваше Славија и Теразије, во 1992 година е преименувана во „Српски владетели“, а подоцна го доби името „Улица на крал Милан“.
Дури и во Неапол, Њу Делхи Адис Абеба и други места во светот, се уште има улици кои го носат името на некогашниот маршал на СФРЈ. Во Москва постои и плоштад со неговото име, додека во Сао Паоло има „Титова авенија“.
Е. Г.