Мнозинството Шпанци сакаат референдум за монархија, Баскијците формираа жив синџир со барање за независност

Од:

Шпанскиот крал Хуан Карлос денеска ја предводеше последната воена парада, пред да абдицира во корист на неговиот син.

Принцот Фелипе го придружуваше кралот на годишната церемонија по повод денот на вооружените сили.

Според денеска објавено истражување на јавното мислење, мнозинството Шпанци 62 отсто, сакаат референдум за иднината на монархијата. Резултатите, исто така, покажуваат дека мнозинството анкетирани го поддржуваат абдицирањето на Хуан Карлос.

Резултатите покажуваат дека ако денеска биде распишан референдум 49 отсто од Шпанците ќе изберат земјата да остане монархија, а Фелипе да биде крал, додека 36 проценти се приврзаници на републиката.

По објавувањето на веста за абдицирањето на 2 јуни, десетици илјади противници на монархијата излегоа на протести низ цела Шпанија со барање за референдум и воспоставување на трета република.

Десетици илјади луѓе денеска се фатија за раце, формирајќи 123-километарски жив синџир по должина на целиот регион во Северна Шпанија, со барање да биде спроведен референдум за независност.

Организаторите од баскиската група „Се е во наши раце“ соопштија дека околу 100 илјади луѓе учествувале на човечкиот синџир.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата