Груевски до Собранието го достави предлогот за нов состав на Владата

Од:

Мандаторот за состав на новата Влада Никола Груевски до Собранието на Република Македонија денеска го достави предлогот за новиот состав и програмата. Седницата на Парламентот на која ќе се врши избор на новата Влада, согласно деловничките можности, ќе се одржи на 19 јуни, соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Вељаноски апелира и ги повикува пратениците од опозицијата да ги земат предвид интересите на Република Македонија и да се вратат во Собранието.

– Потврдувајќи ја определбата за доследно почитување на Уставот и на законите, и во оваа прилика, како и во претходните наврати, сосема искрено ги повикувам колегите пратеници од опозицијата да ги земат во предвид интересите на Република Македонија и да дојдат во Собранието. Сигурната европска и евро-атлантска иднина на Македонија е наша заедничка цел, обврска и предизвик, а токму Парламентот е местото каде тоа можеме со здружени сили најдобро да го направиме, сели претседателот на македонскиот Парламент.

Јасно изразената волја на граѓаните на последните избори, додава тој, освен што го одредила победникот, била одраз на силната демократска свест на сите наши граѓани, партиите, независно од бројот на освоените мандати, да делуваат единствено во демократските институции, чиј врв, како што истакнува, е Собранието на државата.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата