Српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ изјави дека борбената авијација не е приземјена и дека авионите „МИГ- 29“ ќе бидат оспособени за извршување на своите задачи.
Гашиќ вели дека кога тие авиони се во прашање, постои проблем со акумулаторите, но откако ќе биде испочитувана законската процедура тие ќе бидат набавени, по што авионите ќе бидат во функција.
Зборувајќи за истрагата околу продажба на вишокот воени средства во претходните години, Гашиќ наведува дека Военобезбедносната агенција (ВБА) била ангажирана за откривање злоупотреба.
-Тоа е потврдено преку заедничка акција на ВБА, Министерството за внатрешни работи и Воената полиција кога по налог на Военото јавно обвинителство биле приведени шест лица, поради основан сомнеж дека учествувале во малверзации во тек на продажба на вишокот воена опрема- рече тој.
Гашиќ прецизира дека како вишок на тендер се продадени тенкови, топови, митралези, автоматски пиштоли, револвери магнум 357 и друго.
Е. Г.