Најмалку 60 лица загинаа во серијата напади со автомобили бомби во ирачкиот главен град Багдад, додека десетици се повредени.
Според последните податоци, нападите се извршени со седум автомобили-бомби, на прометни улици во вечерно време.
Автомобилите експлодираа во интервал од еден час во различни квартови од градот.
Најмногу жртви има во квартот Баја. таму се убиени 23 лица, од кои повеќето биле млади кои играле билијард.