Манифестација „Читањето и математиката се забавни“

Од:

Со манифестација „Читањето и математиката се забавни“ денеска во Градскиот парк  ќе се одбележи завршувањето на учебната година за ученици од почетните одделенија во основното образование.

Настанот ќе понуди библиотека на тркала полна со сликовници, книги и ресурси достапни за користење, заедничко читање сликовници и учество во забавни математички игри со актерите Гораст Цветковски и Амернис Нокшиќи, читачко, математичко, лилковно и катче за размена со книги и сликовници….

„Читањето и математиката се забавни“ е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, што го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија.

Целта на проектот е да се подобрат јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, да се подобрат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста за важноста на раното описменување кај учениците.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование