Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос ќе игра против Рафаел Надал.
На само еден ден пред големиот меч, кој би можел да му ја донесе првата титула на Отвореното првенство на Франција како и челната позиција на АТП листата, Новак времето го поминува со својот тренер Борис Бекер.
„Кој ќе биде неговиот следен потег“, напиша најдобриот српски тенисер на Твитер до фотографијата на која игра шах со поранешниот германски тенисер.