Напаѓачите на Универзитет во Ирак се повлекоа, ослободувајќи ги заложниците

Од:

Драмата во ирачкиот Универзитет во Рамади, во провинцијата Анбер, каде џихадисти изутринава земаа за заложници десетици студенти, е завршена, соопшти ирачката државна телевизија, пренесува ДПА.

Вооружени напаѓачи денеска упаднаа на Универзитетот и земаа десетици студенти за заложници. Подоцна напаѓачите од засега непознати причини се повлекле на 100 километри западно од Багдад.

Студентите се евакуирани од ирачките безбедносни сили.

Гувернерот на провинцијата Анбер објави дека во моментот силите за безбедност водат операција за неутрализирање на екстремистите, кои припаѓаат на организацијата Исламска држава на Ирак и Левантот, поврзана со Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак