По антикинеските протести во почетокот на мај, виетнамскиот извоз падна драстично, најмногу поради откажувањето на Кина да купува виетнамски ориз, но и поради застојот на производството во фабриките што се странски инвестиции, а беа мета на нападите во нередите во кои загинаа четводица кинески државјани, а беа евакуирани над 5.000 странци.
Официјалната статистика на Виетнам соопшти дека извозот е намален за 29,9 посто, што е вредност од околу милијарда и пол долари.
Поради немирите привремено запре и приливот на странските инвестоции во Виетнам, каде што беше планирано во првите пет месеци од годинава странците да вложат 4,8 милијарди долари. Приливот на инвестициите, што го координираат финансиски конзорциуми од Сингапур, Таипеи и Хонг Конг е остварен со 84 посто од планираното.
Виетнамската влада, соочена со вакви проблеми, презема повеќе мерки за нормализирање на релациите со странските инвеститори, но за сега нема конкретни реакции кои ќе укажат дека се отстранети последиците од нередите. Стопанската комора на Тајван минатиот петок издаде изјава според која не се доволни само добри зборови за намери. Тајванските инвестиции, во кои работат и 500 тајвански жжитрли беа нападнат само поради нивните кинески имиња