US Open: Голема победа и финале за Новак Ѓоковиќ

Од:

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на US Open, со победата над Давид Ферер со 3:1 во сетови (2:6, 6:1, 6:4, 6:2).

Ова е 3-то по ред финале за Србинот во Њујорк, а 9-то Грен слем во кариерата.

Дуелот кој во саботата беше прекинат при водство на Ферер во првиот сет со 5:2, поради торнадото во Њујорк, се продолжи денеска.

Иако го изгуби првиот сет, во продолжението Новак покажа поради што е најголем фаворит на овој Грен слем.

Ова беше 14-от меѓусебен дуел меѓу Ѓоковиќ и Ферер и 9-та победа на српскиот тенисер. Новак имаше 34 директни поени и 31 неизнудена грешка, а Шпанецот 24 винери и 39 грешки.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен