Путин го образложи планот за зајакнување на Газпром

Од:

 Рускиот претседател Владимир Путин убеден е дека рускиот гасен гигант Газпром лесно би собрал пари на пазарот со долгорочен енергетски договор со Кина.

– Една од опциите е да се зголеми капиталот на Газпром. Тоа е една од можните опции со користење на златните и девизните резерви, изјави Путин пред новинарите, додавајќи дека има и други опции. Тој рече дека постои договор со кинеските партнери и за авансно плаќање.

Западните медиуми пишуваат дека идеите на рускиот претседател за големо јакнење на акцискиот капитал на Газпром ги изненадиле банкарите и енергетската индустрија, додека некои изразиле стравување дека тоа дополнително би можело да ја напрегне руската економија, веќе погодена од санкциите и да ја подрие вредноста на рубљата.

Путин пред три дена изнесе неочекуван предлог, навестувајќи дека докапитализација на државниот гасен гигант би можела да дојде од златните и девизните резерви, а како можен финансиски извор беше спомнуван и фондот за „црни денови“, наменет за покривање на државаниот пензиски дефицит.

Синоќа Путин ја образложи својата идеја, изјавувајќи дека државата би можела да купи акции во Газпром од резервите, и додаде дека тоа е само една од неколкуте опции.

Кремљ одби да соопшти повеќе детали за планот, но аналитичарите го доведуваат во прашање не само начинот на кој тоа би се спровело, туку и дали на Газпром воопшто му се потребни дополнителни финансиски фондови.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот