Концерт на Кристина Светиева и Томе Атанасов во Софија

Од:

Со концертот за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов во Софија, Македонија се вклучува во меѓународната програма на јубилејниот 10. Фестивал на уметностите, посветен на бугарскиот оперски пејач со светска слава, Борис Христов.

Нашите познати музички уметници ќе се претстават со повеќе дела, меѓу кои и „Сонатата за обоа и пијано“ од Стојан Стојков.

Концертот на Кристина Светиева и Томе Атанасов во Софија е дел од Годишната програма на Македонскиот културен центар во Софија,  а финансиски поддржан од нашето Министерство за култура.

На овој музички фестивал ќе настапат бројни бугарски музички уметници, како и гости од Австралија, Германија, Шведска, Финска, Кипар и Грција.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска