Српските власти денеска соопштија дека немаат намера да се откажат од изградба на својот дел од гасоводот Јужен поток, планиран за јули.
Оваа недела ЕУ побаа од Бугарија да ја прекине работата по проектот.
– Немаме план за одложување на изградбата – изјави министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ.
Сепак, тој потенцираше дека тоа не е дефинитивно решение.
– Ставот на Србија не е конечен. Ние ќе го следиме развојот на ситуацијата и ќе одлучиме соодветно. Верувам дека Европската комисија и државите-членки ќе најдат решение бидејќи тоа е европски проект во интерес на енергетска сигурност – додаде Антиќ.