Мантрата која се повторува откако Шинѕо Абе се врати на позицијата премиер во 2012, беше за извлекување на Јапонија од долгата дефлаторна спирала. Но ова е полесно да се каже отколку да се стори, кога населението старее и се намалува побрзо отколку каде било во светот.
Во мај, една тинк-тенк организација предвиде дека за нешто повеќе од три децении околу илјада рурални градови и села ќе бидат воглавно празни од жени кои ќе бидат на зрела возраст да раѓаат. Владата предвидува дека бројот на вкупното население во Јапонија, или сегашните 127 милиони, ќе се намали за една третина во следните 50 години. Всушност, тие предвидуваат дека до 2110 ќе има едвај 43 милиони Јапонци. Последнава проценка е ненаучно поткрепена – никој не може точно да знае како ќе изгледа земјата за еден век од денес. Сепак, проценката е мерка на се поголемиот аларм кај владата, и тешко е да се опфати со логиката на премиерот за враќање на националната величина на Јапонија. Накратко, демографијата уште еднаш се истакнува на врвот како врело политичко прашање.
Главниот проблем е што работоспосбното население, кое брзо се намалува, ќе се мачи да го поддржува растечкиот сооднос со старите лица. Владата делумно се навраќа на бајати идеи. Јапонија мора да ја подигне стапката на раѓања (но тоа може да биде тешко); да се зафати со недостигот од работна сила; мора да развие роботи кои ќе работат во фабричките сали и во домовита за грижа на стари лица. Претседавачот на панелот кој го советува Абе, Акио Мимура, рече дека владата мора брзо да делува ако е целта да се спречи населението да опадне под 100 милиони. За да се спречи тоа, извештај на панелот посочува дека просечната јапонска жена во нејзинот живот треба да роди 2,07 деца, што е пораст од сегашното ниво од 1,41 дете. Панелот, во кој членуваат многу белокоси академици, изгледа се подготвува да влета во спалните соби и за да ги поттурнат жените да мрднат.
Сепак, експертите за население велат дека е потребен севкупен редизајн на јапонската социјална архитектура. Абе најави планови за отварање на повеќе јавни установи за згрижување на деца, за да им се помогне на мајките да се вратат на работа. Но голема пречка за работната жена во корпоративната култура во Јапонија се прекувремената канцелариска работа, и долгото висење во ноќта со колегите по работа. На таа култура ќе и требаат години да се смени. Исто тоа се однесува и на стигмата која им се прикачува на децата кои се вонбрачно родени. Во меѓувреме, последните мерки за да се подигне стапката на раѓања, како што назначувањето на гинеколози кои ќе ги потсетуваат младите жени за нивниот биолошки часовник, изгледаат очајно.
Сепак некои знаци укажуваат на тоа дека владата на Абе сега размислува за друго решение кое во моментов ја окупира Јапонија: емиграцијата од голем степен. Помалку од два проценти од населението се странци, однос кој е далеку понизок отколку во другите богати земји. Во овие ниски бројки влегуваат голем број на луѓе со стален престој и со семејни корени во поранешната јапонска колонија Кореја, како и од Кина, чии семејства се во Јапонија со генерации.
Скорешните доаѓања вклучуваат легии од кинески студенти. Тие доаѓаат за долго да останат, но ако не работат, ексклузивните и скапи јапонски урбани продавници наскоро ќе почнат да се затвораат. А во текот на 90-ите, илјадници бразилци беа регрутирани да работат во фабриките за автомобили и слични, најмногу во префектурата Хамамацу во Шизука, северозападно од Токио, и во префектурата Аичи во околината на Нагоја. Јапонија нерадо им ги отвори вратите на тие работници, тогаш кога очајно и требаше ефтина работна сила, вели Кимихиро Цумура од универзитетот Хамамацу Гакуин, и потоа веднаш ги затвори вратите кога економијата забави по 2008, па дури и им плаќаше на многумина да си одат дома. Бразилското население во Хамамацу опадна од 20.000 на околу 9.000. Оние кои останаа се мачат да се интегрираат. Не помага тоа што владата не им наплатува за образование и за другите потреби за децата на овие емигранти.
Покрај ова, во февруари владата објави извештај со кој се препорачува од 2015 натаму, Јапонија да прифати 200.000 нови постојани емигранти. Можеби беше предвидливо тоа што високи службени лица негираа дека ваквото ниво на емиграција била владина политика. Самиот Абе тврдеше дека последните обиди да се издаваат подолготрајни визи за странските работници во градежништвото и слично „не се емигрантска политика“. Тој рече дека тие работници потоа мораат да се вратат дома.
Во реалноста, вели еден советник на Абе, извештајот означува почеток на потег кон отворање на врати за многу повеќе стални емигранти, иако Абе вели дека не е така. Вообичаено ксенофобичните десничарски медиуми се нафрлија на таквата идеја, вели Хиденори Саканака, поранешен шеф на токиската служба за емиграција кој сега претседава со Институтот за јапонска емиграциска политика. Тој предвидува дека денес извесувањата во мејснтрим медиумите за овој проблем ќе ја одредат правецот на јавното мислење во корист на поголема емиграција.
Сепак, Хамамацу е најубедлив пример за овие предизвици. Иако Бразилците мораа да имаат јапонска крв како квалификација за виза (многу Јапонци емигрирале во Јужна Америка на почетокот на 20-иот век), тие се мачат да читаат и пишуваат на јапонски јазик. Уште поголем проблем, вели Јасујуки Китаваки, кој бил градоначелник на Хамамацу од 1999 до 2007 година и ги контролирал обидите на градот за асимилација на новодојдените, е што локалните жители не биле подготвени за мултикултуралистичко просветлување. Големо мнозинство од јапонските гастарбајтери се покоруваат на законите, но јапонците нив ги поврзуваат со криминално и антисоцијално однесување. Хиројуки Хашимото, претседавач со комитетот во блокот на станови во Хамамацу, вели дека бразилците на почетокот сакале да пафтаат скара на нивните балкони и – бестрага! – да играат самба во нивите станови, па биле приморувани да ги стишуваат. Тој вели дека еден знак за подобрување на ситуацијата е тоа што јапонските и бразилските деца сега заедно бучно возат скејтборди пред зградите. Сепак емиграцијата е се уште далеку од лесна опција.
Економист – Лондон