Црна Гора секогаш ќе биде отворена за сите прашања за целосна медиска трансформација и усогласување на медискиот систем со европските и светски стандардни, изјави црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.
Вујановиќ на синоќешното отворање на 39. Конференција на Европската платформа на регулаторни тела во Будва, изјави дека бројот на електронски медиуми во Црна Гора, во однос на територијата и бројот на жители, се наоѓа на самиот врв во Европа.
– Тие повеќе од кога било имаат значајна улога во нашето општество и поради нивното влијание врз јавноста имаат специјално значење за демократските процеси во Црна Гора, изјави Вујановиќ.
Според Вујановиќ со новата медиска регулатива се дава независен законски гарантиран статус, гарантирани извори на финансирање, но и непосредни со закон дефинирана јавна одговорност.