Да се живее на улица и не е баш некој популарен начин да се зачува богатство, барем не во САД, но Џереми Смит ја шокираше американската јавност поради начинот на кој заштедил милиони долари за кирија или хипотеки.
Воениот ветеран има 68 години и живее многу години како бездомник.
„Животот навистина може да ги отвори твоите очи кога станува збор за трошењето пари. Сфатив дека заштедив многу, бидејќи живеев без покрив над главата. Не ме сфаќајте погрешно, јас порано бев многу лесноверен, живеев во куќа и ги плаќав истите грешки како и повеќето луѓе, па парите бегаа од моите џепови“, изјави Смит.
Наместо изнајмен стан, Смит се одлучил за алтернативна варијанта – живот под мост на картонска кутија.
„Се обидов да живеам во мојот автомобил, но монетите излегуваа од моите џепови заради плаќање паркинг. Единствен проблем ми е сега што не знам што да правам со парите што ги заштедив“, вели Смит.
Бездомникот со многу пари веќе 15 години живее така и се надева дека повеќе луѓе ќе го следат неговиот пример како начин на живот за стекнување на материјалното богатство.