Најмалку 20 убиени во серија напади во Ирак

Од:

Најмалку 20 лица се убиени и околу 50 повредени денеска во серија напади во Ирак, соопштија медицински и полициски претставници.

Во експлозија на две автомобил бомби во центарот на северниот град Киркук загинаа осум лица, а деветмина се повредени.

Бројот на жртвите во насилствата во Ирак од почетокот на годината надминува 4.000 лица, од кои 900 се убиени минатиот месец.

Над 25 лица се убиваат во просек на ден во Ирак, што е најголем број во изминатите пет години. Властите во Ирак причина за зголемениот бран насилства гледаат во надворешни фактори, на прво место граѓанската војна во соседна Сирија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак