Штетите во аграрот во Србија од поплавите се 500 милиони евра

Од:

Директната штета во аграрот во Србија од поплавите е проценета на 500 милиони евра, а експерти денеска укажаа дека е неопходно што побрзо да се пресеат поплавените површини на кои е тоа можно.

Секретарот на Здружението на Стопанската комора на Србија за земјоделие, Ненад Будимовиќ вели дека поплавите погодиле сектор кој е водечки во економијата во Србија, јави Танјуг.

Според него, сега се прават напори да се изврши сеидба на површините каде е повлечена водата, но во тек се и подготовки за есенската сеидба.

Првите резултати од анализите на поплавеното земјиште укажуваат дека е можна нова сеидба на 15.000 до 16.000 хекатари. Поплавите уништиле и 6.233 пчелни заедници и вкупната штета во пчеларството е поголема од 25 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ