САД го повикаа новиот египетски претседател да спроведе демократски реформи

Од:

САД соопштија дека се радуваат на соработката со владата на новоизабраниот египетски претседател Абдел Фатах Ел Сиси, кого го повикаа да спроведе демократски реформи во земјата.

– Американскиот претседател Барак Обама во следните денови ќе разговара со поранешниот шеф на армијата, кој сега е новоизбран претседател, најави Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека Белата куќа е задоволна што на меѓународните набљудувачи им беше дозволено да бидат во Египет во текот на изборите и дека гласањето мина мирно и на мирољубив начин.

Меѓутоа, Белата куќа е загрижена поради „рестриктивното политичко опкружување“ во кое се оддржаа изборите и апелира до новоизабраниот претседател да спроведе демократски реформи, што подразбира одговорна власт, транспарентност и заштита на универзалните права на сите Египќани.

Поранешниот прв човек на египетската војска убедливо победи на изборите во Египет, освојувајќи речиси 97 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута